Нов дизајн, нов сервер, нов домен – иста цел
Кога пред неколку седмици го променивме дизјанот на блогот тоа беше планирано да биде само привремено.
Сега сме среќни и задовлни што нашите планови стануваат реалност. Стариот блог на wordpress сега го променивме и се преселивме на нов сервер, со нов дизјан и поинаков домен, но ќе останеме со иста цел, најбрзо и најточно информирање за Баерн.
Концептот на новиот сајт е сличен како и предходниот (скриптата е од Wordpress). Меѓутоа дизајнот воопшто не наликува на тоа што беше.
Голема разлика има во тоа што на овој сајт има опција за регистрирање. За да коментирате на пост, мора да бидете предходно регистриран и во моментот логиран на сајтот. Во моментов имаме некои проблеми околу регистрирањето, па коментирањето ќе биде отворено.
Еве ви некои кратки совети за полесно да се снајдете со новиот дизјан:
1) Најеспонираните новости ќе се ноѓаат веднаш на стартот на сајтот во делот „Топ Новости“. Тука ќе можете да најдете најави и прегледи на натпревари, шпекулации и оставени трансфери како и некои новости кои МОРА да бидат прочитани.
2) Веднаш под нив со помали икончиња се наоѓаат не толку експонирани, но сепак важни новости за Баерн.
3) Од десна страна при врвот имате информации за предходниот и следниот меч на Баерн, а тука ќе бидат поставувани и хајлајтси од последните натпревари.
4) Нешто подолу се најчитаните 5 новости од изминатата седмица, додека под нив имате некои корисни информации.
5) Најгоре на сајтот ги имате стандардните страни што беа и на предходниот блог. Сега променет е делот „Историја“ каде што се додадени поопширни информации.
Доколку имате некои прашања или забелешки околу дизајнт вашите коментари ги очекуваме на bayernmkd@ymail.com. Исто така на истиот маил ве молиме да ни испратете и некои грешки на сајтот, како што се недопреведени места, доколку нешто не ви отвара или ви прави проблеми.
Ви благодариме и се надеваме дека ви се допаѓа,
Фросина Аризанкоска/ Наум Баварец/ Милчо Балевски
Now Playing:
VS.
1-3 



bayernmkd@ymail.com











Коментирајте како ви се допаѓа новиот дизајн…
Објавено на 18/09/2009 at 22:32
стариот беше подобар :(
Објавено на 18/09/2009 at 23:11
Мене многу ми се допаѓа новиот дизајн, супер е, бравос за Наум, Фросина и Милчо :D
Објавено на 19/09/2009 at 01:34
Благодариме! xD
Објавено на 19/09/2009 at 01:45
Super e noviot dizajn, mi se dopaga zatoa sto e vo crvena boja i nekako e posreden od stariot
Објавено на 19/09/2009 at 09:33
Dobar e noviot, samo sto treba malce da ja razvlecete na nagore malce slikata na novata statija na pocetnata strana, oti ovaka e spleskana…
Објавено на 19/09/2009 at 12:39
Доколку нешто не ви се допаѓа, а гледам има и некои такви, повелете и кажете што треба да се промени.
Објавено на 19/09/2009 at 14:30
Многу е добар,тие што викаат дека стариот им е подобар водат инат или незнам што е работава.
Објавено на 19/09/2009 at 14:47
Nema veze dizajnot samo da imame blog od Bayern Munchen.
Објавено на 19/09/2009 at 21:22